За македонски превод притиснете „СС“.
Герман Стерлигов беше еден од првите руски милјардери. Богатството го загуби после поразот на претседателските избори 2000 година. После тоа, тој го промени начинот на живот и се пресели со семејството на семејниот имот за да живее традиционален, православен живот. Тој е уверен дека современата цивилизација со науката како нова религија, ја уништува планетата земја. Тој се промовира во жесток борец за заштита на животната средина.
Затоа, Герман и неговото семејство овде ја произведуваат сета храна која ја користат, ја обработуваат земјата и одгледуваат добиток. Неговата жена и петте деца се навикнати да живеат живот без телевизија и интернет. Единствената техника што ја користат е пумпата за вода.
Стерлигов се враќа во политичките води со проектот „Меѓународен трибунал за заштита на животната средина“, со намера да обезбеди поддршка ширум светот на идејата за ново светско еколошко законодавство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.