За македонски превод притиснете „CC“.
Невладината организација „Училиште за пешаци“, навистина нашла невообичаен начин да ги научи русите на сообраќајните правила. Тие изнајмиле еден овен од локалната зоолошка градина и го „научиле“ на сообраќајните правила. Кај русите, овенот обично се смета за тврдоглаво животно, а често за лош возач се употребува и изразот „вози како овен“, токму затоа и овенот е главниот лик во оваа приказна - ако може да научи овенот, можат и луѓето, учесници во сообраќајот. А овенот и тоа како успева да ја научи лекцијата - безбедно ја преминува улицата на зелено светло.
Од оваа организација велат дека ова нема да биде последен ваков „несериозен“ настан за ваква сериозна тема и дека - во рамките на акцијата на Светската здравствена организација „Животот е поважен од брзината“ - ќе организираат уште вакви настани.
Погледнете ја оваа видео репортажа и размислете, дали и кај нас треба да се направи слична акција, веројатно само со магаре во главната улога.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.