Баба Марта полуде

Главниот град на Русија под снег во март.


Дека март е непредвидлив месец со драстични температурни осцилации, тоа е несомнено. Но, кога станува збор за Русија, тука екстремностите не се изненадување, туку состојба. Па така и со времето - денеска во Москва падна снег незапаметен во последните 50 години во март. Тоа придонесе за застој во сообраќајот и колони нервозни возачи. Извештаите од теренот говорат за километарски колони автомобили, додека целата зимска механизација на градот е излезена да расчистува. Дополнителен проблем е тоа што снегот не престанува, а прогнозите велат дека ќе го има и утре, а благо разведрување се очекува во сабота.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња