Ингушетија - врвови, небо и историја

Најмалата република во составот на Руската Федерација воедно е и најживописната.


Ингушетија е најмалата република во рамките на Руската Федерација. Со жители отприлика колку нашето Скопје, а со површина десет пати помала од Македонија, оваа република има големи амбиции. Има намера да ги искористи своите природни потенцијали - планинската земја е погодна за алпско скијање и екстремни спортови. Но тука е и богатата историја која секако ќе биде интересна во туристичката понуда во туристичката офанзива која ја панираат властите. Иако до сега земјата беше перцепирана како нестабилно и небезбедно подрачје, властите токму тоа сакаат да го побијат, промовирајќи ја својата земја како мирна, селска и идилична земја со древна историја, богата традиција и прекрасна природа.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.