Домот на Толстој, дом на сираци

Јаснаја Полјана - домот каде е роден големиот писател фукционира како сиропиталиште.


Јаснаја Полјана, во областа Тула, во подмосковието, е местото каде е роден големиот руски писател Лав Толстој. Тука живеел, тука ги напишал Ана Каренина и Војна и мир, тука е и погребан.
Овој голем имот на писателот е место каде што уште за време на неговиот живот се одвивала хуманитарна дејност. Тој самиот овде отворил своевидно експериментално училиште кое работело по неговите оригинални образовни методи. Веројатно како аманет, хуманитарната дејност останала доминантна дејност на овој имот.
Во 1948 година овде е основано сиропиталиште. Првите сирачиња згрижени овде се на војниците загинати во Втората светска војна. Една од згрижените сирачиња - Татјана Алексеевна - сега е директор на Домот, во кој моментално има околу 30-тина деца од различни возрасти.
Руска реч на македонски ве води во обиколка на овој Дом за сираци лоциран на имотот на писателот и хуманист, Л. Толстој.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња