Во Санкт Петербург е претставена копија од императорската круна по повод два значајни јубилеја - 250 години од крунисувањето на царицата Катарина Велика и 400 годишнина од династијата Романови.
На круната работеа 60 врвни мајстори од Смоленск. Според достапните фотографии изработена е 3D - копија од круната која е користена како модел во изработката на ова ремек-дело.
Сепак, копијата на Великата императорска круна се разликува од оригиналната. Направена е од бело злато и украсена е со 11 илјади брилијанти, додека оригиналната круна била направена од сребро, а брилијанти имало скоро половина помалку од оваа.
После Санкт Петербург ова ремек-дело на Смоленските мајстори ќе биде прикажано низ сите поголеми градови во Русија (Нижи Новогород, Новосибирск, Екатеринбург и др.), како и во странство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.