За македонски превод притиснете „СС“.
Претседателот на Русија, Владимир Путин реши да провери како тече градбата на Олимписките објекти во Сочи. И имаше што да види: еден од објектите - комплексот скокалници „Руски ридови“ - ќе биде подготвен, но дури после две години откако ќе биде потребен за игрите, а пак, вкупните трошоци за градба од 1,2, „ненадејно“ пораснале на 8 милијарди рубљи. Тоа секако беше и повеќе од доволно претседателот Путин да го разреши потпретседателот на Олимпискиот комитет на Русија и воедно претседател на Бордот на директори на „Одморалиштето на Северен Кавказ“, Ахмед Билалов.
Каква беше реакцијата на претседателот Путин кога ги дозна овие новости, во конверзацијата која претходеше на разрешувањето, погледнете во денешното видео.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.