Московјани скијаат в сред центар на градот

Креативен начин да се излезе во пресрет на желбата за скијање.


За македонски превод притиснете „CC“.
За планинската и мала Македонија можеби навистина не е проблем да се „тркне“ до најблиската планина и да се ужива во скијањето. Но, кога се работи за огромната Русија, а особено за рамната како тепсија, Москва, е тогаш морате да бидете навистина креативни и да наоѓате начини, како во парк да уживате во скијањето, исто како во планина - и тоа во центарот на градот.
Соколники е огромен парк скоро во центарот на Москва, и во овие зимни и снежни денови, тоа е единственото место за Московјани каде можат да уживаат во крос-кантри скијањето. Градот Москва се погрижил да ги уреди патеките и да ги одржува, за московјани да можат да уживаат во прекрасните глетки додека спортуваат и се забавуваат на своите омилени скии.
Ова е чест случај во Москва - да се создаваат услови за санкање, скијање и лизгање во парковите, создавајќи ги на тој начин некои од најголемите лизгалишта на отворено.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња