Реконструкција на битката кај Воронеж

70-годишнината од ослободувањето на Воронеж одбележана со реконструкција на битката.


По повод 70-годишнината од ослободувањето на Воронеж од германските окупатори, на брегот од реката Воронеж се одржа грандиозна реконструкција на оваа одлучувачка битка, која се случила 43-тата година.
Во претставата учествуваа повеќе од 300 членови на воено-историските клубови од 15 градови од Русија, а настанот го проследија над 12 илјади гледачи.
Воронеж е ослободен на 25 јануари, 1943 година, но битката траела цели 212 дена. Линијата на фронтот го пресекувала градот на половина, а борбите биле жестоки. На крај, непријателските сили се задржани, со што е оноевозможен напад на престолнината Москва. Реконструкцијата е потсетување и предупредување на историските трагедии низ кои поминала Русија во Втората светска војна.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња