Земфира Талгатовна Рамазанова (26 август 1976, Уфа) е руска пејачка, музичар, композитор и автор на песни, која настапува под името Земифра. Една од комерцијално најуспешните пејачки во историјата на руската музика. Позната е по своите музички достигнувања и по вокалните способности. Земфира стана олицетворени на новиот бран во рускиот рок, кој од руските критичари беше окарактеризиран како „женски рок.
Денеска ви претставуваме една прекрасна балада од неа, насловена како Небо над Лондон. Уживајте!
Замфира: Небо над Лондон
Го сонував небото над Лондон
И во него бакнеж долг
Летавме – не држејќи се
Кој од нас прв ќе падне
и ќе се искрши од Tower Bridge...
Наутро..ќе дознаам наутро
Ти ќе дознаеш подоцна
Од овие скапи зборови
Ништо не постои
Без вакви повици
Јас сум осамен ѕвер
Ако промашам..ќе се вратам ноќе
Никој нема да забележи
И понатаму останувам осамен ѕвер
Ги бројам чекорите
Ајде да полетаме
Го сонував небото над лондон
И во него бакнеж долг
Шетавме по облаци
Демек сме лондонски дожд
Се сипавме заедно на асфалтот
Наутро...ќе дознаам наутро
Ти ќе дознаеш подоцна
Од овие скапи зборови
Ништо не постои
Без вакви повици
Ја сум само осамен ѕвер
Ако промашам...ќе се вратам ноќе
Никој нема да забележи
И понатаму останувам осамен ѕвер
Да полетаме
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.