Светски куп во алпско скијање во Москва

Светски куп во алпско скијање, а притоа Владимир Ленин како публика.


32 спортисти од 30 земји учествуваа во Светското првенство во алпско скијање кое се одржуваше во Москва до 23 јануари, 2013 година. Ова светско првенство за првпат беше започнато во 2009 година во Москва, кога ФИС организираше неколку промотивни настани на големи рампи во центарот на градот. Оваа сезона локацијата на Светското првенство е „All-Russia“ изложбениот центар (VVC) , кој е домаќин на разни манифестации од 1935 година. Спектакуларна рампа е инсталирана на големиот плоштад помеѓу централниот влез на VVC и главната изложбена хала. Организатори на овој настан беа RASSF и општинските власти на Москва, заедно со генералниот директорат на VVC. Организаторите потенцираа дека овој центар е совршено прилагоден за вакви натпревари, внатрешноста може да се спореди со големината на еден помал град. Речиси сите делови на овој центар ги рефлектираат зрелите години на СССР. Статуата на Владимир Илич Ленин стои во близина на рампата. Спортистката Ивица Костелиќ од Хрватска вели дека тоа е нејзин прв пат да учествува во спортски турнир меѓу историски локалитети и споменици. „Тоа беше многу кул, да го имаш Владимир Ленин за публика“, рече Костелиќ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња