Латиноамериканска страст на московската сцена

Во Државниот кремљовски дворец во Москва одржан е дваесеттиот годишен Светски куп во латиноамерикански танец за професионални натпреварувачи.

Монтажа: Владимир Стахеев, фото: Олга Соколова, Музика: L.Eles 'Caxang'

Повеќе од дваесет парови од целиот свет учествуваа на ова натпреварување. Најдобрите светски танцувачи допатуваа во рускиот главен град по покана на Станислав Попов, претседател на Сојузот на танцувачи на Русија.

Победници на Светскиот куп станаа Михал Малитовски и Џоана Ленис од Велика Британија. Второто место го зазедоа Маурицио Весково и Андра Вајдилајте од Канада, додека на третото место се пласираа Андреј Скуфца и Мелинда Токовчерч од Словенија. Најдобриот руски пар беа Јустинас Дукнаускас и Ана Мељникова, кои завршија на петтото место.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња