Галеријата ја подготви Павел Газдјук. Фотографии: Дарја Кезина. Музика: DJ Rostej.
Во текот на цел еден месец десеттина познати уметници од цела Русија и светот се собраа во културната и индустриска престолнина на Урал со цел да го стават личниот печат на нејзините улици.
Цртачите на графити го нарекуваат Екатеринбург „престолнина на руската улична уметност“. Овде ќе биде отворена првата улична галерија во Русија, а во овој град живеел и работел Старик Букашкин, еден од првите руски улични уметници. Неговите дела се чуваат во Одделението за ретки книги во Британската библиотека во Лондон.
Годинешниот фестивал ќе се памти по сликата со име „Соработка“ на локалниот уметник Слава ПТРК. Огромните раце кои се пружат една кон друга на речниот кеј веќе станаа препознатлив дел од градскиот пејзаж.
Постојан учесник на „Стенографија“ е цртачот на графити од Киев, Андреј Палвал, кој на рускиот Урал пристигна од Украина и покрај напрегнатите односи меѓу двете земји. Меѓу жителите на градот предизвика возбуда неговото дело на кое е прикажан Јуриј Гагарин со гулаб на рацете.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче