Галеријата ја подготви: Владимир Стахеев, фотографии: Руслан Сухушин, музика: дувачки квинтет
Со изложбата „Романови: портрет на династијата“ во Државниот историски музеј (ГИМ) се одбележува 400-годишнината од стапувањето на престолот на оваа династија. Кустосот Евгениј Лукјанов кажува дека целта на изложбата е да покаже дека освен најпознатите претставници во царското семејство - Петар Велики, Екатерина Велика и Николај Втори, во неа имало и други членови кои вреди да се споменат.
Изложбата содржи и историски и уметнички експонати. Тие се изложени по хронолошки ред и даваат приказ на развојот на жанрот на портретот во Русија, па се до фотографии кои претходеле на Револуцијата. Авторите на изложените дела се познати уметници. Овде се наоѓаат портретите на Николај Втори и Илја Репин, како и мермерната биста на Александра Фјодоровна.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче