Лице в лице со животните

Музика - Ариел Рамирез; Фотографија - Алексеј Безруков, Николај Зиновјев, Валериј Малеев, Јарослав Никитин, Генадиј Јусин, Владимир Медведев, Игор Барташов, Тимур Ахметов, Мишел Рого.

Изложбата на фотографии „Златна желка“, одржана во Централниот дом на уметниците, ги затвори своите врати на 17 февруари. Најдобрите руски и странски фотографи кои ја фотографираат природата имаа можност да ја презентираат својата работа пред јавноста. На главното место на изложбата се најдоа разни шуми, светла, океани, неверојатни планини, глечери и бескрајни пустини. Заедно со стотици насликани неодоливи животни. Сите слики се дел од меѓународниот конкурс „Златна желка“, кој се одржува седми пат по ред.

Категориите на фотографии беа следниве: птици, микрокосмос, подводен свет, хармонија во природата, човекот и природата, магијата на растенијата, пејзаж, природна уметност.

Изложбата ќе патува по Русија во Самара, Волгоград, Воронеж, Екатеринбург, Иркустск, Казањ, Липецк, Новосибирск, Петропавловск-Камчатски, Санкт Петербург и многу други градови низ државата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња