Како памукот го испровоцира распадот на СССР

Alisher Usmanov/TASS
Познатата истрага за корупција и махинации во «памучните работи» во голема мерка ја покажа многу лошата состојба во која се наоѓаше економијата во последните години на постоењето на Советскиот Сојуз.

БЕРБА НА ПАМУК, УЗБЕКИСТАН, 1973. ИЗВОР: Р. ШАМСТУДИНОВ/TAССБЕРБА НА ПАМУК, УЗБЕКИСТАН, 1973. ИЗВОР: Р. ШАМСТУДИНОВ/TAСС

Памукот во Советскиот Сојуз претставуваше стратешка суровина која се користеше во производството на вооружување, како и материјал неопходен за правење на евтина облека за населението.

БЕРБА НА ПАМУК, АЗЕРБЕЈЏАН, 1979. ИЗВОР: Ф.НУРАЛИЈЕВ /ТАССБЕРБА НА ПАМУК, АЗЕРБЕЈЏАН, 1979. ИЗВОР: Ф.НУРАЛИЈЕВ /ТАСС

Според официјалните податоци, на почетокот на 80-тите СССР го заземаше првото место во светот по производство на памук, кој меѓу народот се нарекуваше „бело злато“.

БЕРБА НА ПАМУК 1988. ИЗВОР: A. КАДЈАРКУЛОВ/ТАССБЕРБА НА ПАМУК 1988. ИЗВОР: A. КАДЈАРКУЛОВ/ТАСС

Памукот воглавно се одгледуваше во централноазиските републики: Узбекистан, Киргистан, Туркменистан, Таџикистан и Казахстан. Без оглед на тоа што тие беа дел на Советскиот Сојуз, тамошниот начин на живот во многу нешта се разликуваше од останатите републики.

ПЛАНТАЖА СО ПАМУК, ТАЏИКИСТАН, 1979. ИЗВОР: МАХМУД БАБАЏАНОВ /ТАССПЛАНТАЖА СО ПАМУК, ТАЏИКИСТАН, 1979. ИЗВОР: МАХМУД БАБАЏАНОВ /ТАСС

Ако во големите градови и постоеше каков таков социјалистички правен поредок, меѓу селското население буквално владееја феудални односи.

МЛАДИНЦИ НА БЕРБА НА ПАМУК, 1972. ИЗВОР: Ј.KОРНИЈЕНКО/TAССМЛАДИНЦИ НА БЕРБА НА ПАМУК, 1972. ИЗВОР: Ј.KОРНИЈЕНКО/TAСС

Така памукот, потребен на централната власт над секоја реална мерка, стана проклетство за одредени региони, особено за Узбекистан.

ХУРСАН АБДУКАРИМОВА, БЕРАЧ НА ПАМУКА ОД УЗБЕКИСТАН, 1973. ИЗВОР: АЛИШЕР УСМАНОВ /TAССХУРСАН АБДУКАРИМОВА, БЕРАЧ НА ПАМУКА ОД УЗБЕКИСТАН, 1973. ИЗВОР: АЛИШЕР УСМАНОВ /TAСС

Шараф Рашидов, претседателот на оваа република, во февруари 1976 изјави дека планира да го зголеми производството на памук на 5,5 милиони тони наместо дотогашните 4 милиони тони.

БЕРБА НА ПАМУК, АЗЕРБЕЈЏАН, 1979. ИЗВОР: В.КАЛИНИН /РИА НОВОСТИБЕРБА НА ПАМУК, АЗЕРБЕЈЏАН, 1979. ИЗВОР: В.КАЛИНИН /РИА НОВОСТИ

Овој преамбициозен план претставуваше буквално ропство за населението на Узбекистан. Безмалку сите беа принудени да учествуваат во бербата на памук, дури и децата не одеа на училиште до Нова година се додека целиот род на „белото злато“ не се собере. Не се дозволуваше да пропадне ниту едно стебло.

БЕРБА НА ПАМУК, ТУРКМЕНИСТАН. ИЗВОР: K.MУРАДОВ/TAССБЕРБА НА ПАМУК, ТУРКМЕНИСТАН. ИЗВОР: K.MУРАДОВ/TAСС

Дури и со максималниот напор на целокупниот човечки ресурс на оваа република не беше возможно да се произведе зацртаното количество памук.

Совхоз 30-летия Казахстана Сбор урожая хлопка на приемном пункте. / I.Budnovich/TASSСовхоз 30-летия Казахстана Сбор урожая хлопка на приемном пункте. / I.Budnovich/TASS

Подоцна се разви гигантски систем на корупција на сите нивоа. Да речеме, берачите во вреќите со памук ставаа камења, додека во собирните центри пристигнуваа потполно празни вагони кои некој за мито ќе ги евидентираше како полни.

БЕРБА НА ПАМУК, УЗБЕКИСТАН, 1976. ИЗВОР: ЗЕЛМА /РИА НОВОСТИБЕРБА НА ПАМУК, УЗБЕКИСТАН, 1976. ИЗВОР: ЗЕЛМА /РИА НОВОСТИ

На овој начин во последните години од постоењето на Советскиот Сојуз израсна џиновски систем на измами и махинации поврзан со производството на оваа ценета суровина.

ФИДЕЛ КАСТРО И ШАРАФ РАШИДОВ ВО РАЗГОВОР СО ОВЧАР ВО СВЕРДЛОВСК, 1963. ИЗВОР: РИА НОВОСТИФИДЕЛ КАСТРО И ШАРАФ РАШИДОВ ВО РАЗГОВОР СО ОВЧАР ВО СВЕРДЛОВСК, 1963. ИЗВОР: РИА НОВОСТИ

Оваа шема се распадна по смртта на Брежњев во 1983 г., кога на власт во еден пократок период дојде Јуриј Андропов кој со години собираше компромитирачки документи за властите на Узбекистан.

АШХАБАДСКАТА ОБЛАСТ НА СССР. ИЗВОР: К .MУРАДОВ/TAССАШХАБАДСКАТА ОБЛАСТ НА СССР. ИЗВОР: К .MУРАДОВ/TAСС

Според легендата, тој во 1983 г. му се јавил по телефон на Шараф Рашидов и го запрашал колкаво количество на памук ќе биде собрано таа година без измами. Набргу по тој разговор Рашидов почина од срцев удар (официјална причина за неговата смрт), а постојат гласини и дека испил отров.

КАШИРСКАТА СТЕПА, УЗБЕКИСТАН, 1982. ИЗВОР: РУСТАМ ШАГАЈЕВ, Ш. ШАРАПОВ/TAССКАШИРСКАТА СТЕПА, УЗБЕКИСТАН, 1982. ИЗВОР: РУСТАМ ШАГАЈЕВ, Ш. ШАРАПОВ/TAСС

Во Узбекистан потоа беше испратена група експерти од Москва. Резултатот на нивната работа предвидуваше сериозни затворски казни за сите кои биле вклучени во овој синџир на измами и корупција, а на најодговорните им се закануваше најстрога казна. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.