
Пристаништето Новоросијск основано е во 1845 година. Денес тоа е најголемото пристаниште во Русија и петто по големина во Европа, од гледна точка на количеството на претоварен товар. Се наоѓа во Цемескиот залив, во североисточниот дел на Црното Море, во води кои не замрзнуваат во текот на зимата.
Слава Степанов / ГЕЛИО
Пристаништето зазема површина од 238 хектари.
Слава Степанов / ГЕЛИО
Во Новоросијск годишно се претоваруваат околу 140 милиони тони различен товар.
Слава Степанов / ГЕЛИО
Овде обично се вкотвуваат танкери. Бродовите пловат под најразлични знамиња како на пример на Того, Танзанија, Сиера Леоне и Тувалу, додека најчести посетители се бродовите под знамињата на Малта и Турција.
Слава Степанов / ГЕЛИО
Бродови кои превезуваат контејнери има помалку, меѓутоа во последните години нивниот број сè повеќе расте.
Слава Степанов / ГЕЛИО
Големите прекуокеански контејнерски бродови исто така се вкотвуваат во пристаништето. На пример пристаништето од време на време дочекува контејнерски брод долг 286 метри на данската компанија „Маерск“ со скоро 60.000 тони товар.
Слава Степанов / ГЕЛИО
Пристаништето никогаш не престанува со работа. Дури и кога временските прилики се неповолни, со спроведување на посебни безбедоносни процедури, се врши утовар, истовар и други пристанишни операции.
Слава Степанов / ГЕЛИО
Нафтата од наоѓалиштата во Западен Сибир, регионот на Волга, Казахстан и Азербејџан, се превезува до купувачите во Италија, Романија, Грција, Хрватска, Шпанија и Бугарија преку терминалот Шесхарис.
Слава Степанов / ГЕЛИО
Само на овој терминал наполнети се 25,300 танкери, што претставува преку 1,2 милијарди тони нафта.
Слава Степанов / ГЕЛИО
Нафтните докови се длабоки 14,5 метри. Во просек, во Новоросијск се впумпуваат околу 10,000 тони на час, што значи дека најголемите танкери за нафта со околу 150,000 тони носивост, може да бидат наполнети за 15-ина часови.
Слава Степанов / ГЕЛИО
На пристанишните терминали покрај нафта се полни и мазут, дизел гориво и други различни видови товар.
Слава Степанов / ГЕЛИО
Над 6000 луѓе работат во пристаништето Новоросијск.
Слава Степанов / ГЕЛИО
На сликата горе можете да ги видите закотвените бродови кои чекаат за влез во пристаништето. Чекањето може да трае од неколку часови, па се до неколку денови. Времето на чекање зависи од тоа колку од потенцијалите на пристаништето се заземени од други бродови, како и од временската прогноза – на пример дали се очекува невреме и слично.
Слава Степанов / ГЕЛИО
Преку 4,500 бродови со различни големини секоја година впловуваат во пристаништето во Новоросијск.
Слава Степанов / ГЕЛИОПретплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче