Во првата година за едно место се пријавија 15 кандидатки. Девојките засега ќе се подготвуваат само за цивилни, а подоцна и за „борбени“ позиции.
Александар Демјанчук / ТАССВо моментов девојките се обучуваат во деловите како што се психологија, комуникација и инженеринг.
Александар Демјанчук / ТАССВо школите на Воено-морската флота младите жени учат и основи на спасување под море, а за време на обуката секое движење мора да се совлада до автоматизам. Подоцна тие во базата или во пунктот најверојатно нема да се најдат во такви екстремни ситуации, но мораат да бидат подготвени за сè.
Александар Демјанчук / ТАССЗа девојките важат истите правила како и за момчињата: станување во 6.30, утринска фискултура, појадок и настава.
Александар Демјанчук / ТАССОсвен тоа, постојат и други правила: девојките не можат да носат цивилна облека и таа се чува на територијата на школата. Исто така за време на обуката им е забрането користење социјални мрежи.
Александар Демјанчук / ТАССПостојат правила и за фризурите: се допуштаат само плетенки или куса коса. Поголемиот дел од девојките се одлучуваат за првата опција.
Александар Демјанчук / ТАССМладите жени од воените училишта често се истакнуваат во спортовите. Како дел од приемниот испит мораат да полагаат трчање и пливање.
Александар Демјанчук / ТАССПричините за тоа зошто младите жени избираат да служат војска се различни, но најчесто на тоа ги поттикнува примерот на некој од семејството кој е вработен во војската.
Александар Демјанчук / ТАССНекои во воената служба гледаат стабилност. По завршувањето на oбуката, тие добиваат чин на поручник и договор за воена служба на пет години.
Александар Демјанчук / ТАССВо 2015 година во воените училишта се школуваа околу 700 кадетки, а нивниот број расте секоја година. Во кадетските корпуси се школуваат околу илјада девојки.
Александар Демјанчук / ТАССМногу девојки кои ќе го завршат военото училиште остануваат да работат во војската во насоките за кои се специјализирале или на функции кои се поврзани со нивната специјализација.
Александар Демјанчук / ТАССВо рамките на специјализацијата жените кои, на пример, се специјализирале за врски од 2018 година ќе можат да служат на бродовите на воената морнарица. Дотогаш ќе ги имаат сите потребни услови како што се одвоени кабини за сместување на женскиот кадар.
Александар Демјанчук / ТАССПретплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче