Ѕвезденото небо над Русија

„Летото 2015 година заминав со неколку пријатели на северот од Русија. Однапред го испланиравме патувањето. Така стасавме до градот Каргопољ каде според планот требаше да преноќиме. Но, една пријателка нѐ повика да отседнеме во нејзината куќа во малото село Љадини (Фавриловска), оддалечено 50 километри од градот. Седнавме да вечераме со домаќинката Надежда Фјодоровна и со нејзиното семејство и слушавме приказни за градот и за неговите жители. Кога падна мрак, сфатив дека во селото речиси нема осветлување и дека наоколу има шума. Веднаш ми стана јасно дека таа ноќ нема да спијам“.

„Летото 2015 година заминав со неколку пријатели на северот од Русија. Однапред го испланиравме патувањето. Така стасавме до градот Каргопољ каде според планот требаше да преноќиме. Но, една пријателка нѐ повика да отседнеме во нејзината куќа во малото село Љадини (Фавриловска), оддалечено 50 километри од градот. Седнавме да вечераме со домаќинката Надежда Фјодоровна и со нејзиното семејство и слушавме приказни за градот и за неговите жители. Кога падна мрак, сфатив дека во селото речиси нема осветлување и дека наоколу има шума. Веднаш ми стана јасно дека таа ноќ нема да спијам“.

Олег Гуров
Рускиот фотограф и вљубеник во патувањата Олег Гуров често ги снима ѕвездите. Патувал низ целата Русија и секоја можност ја користел да ја збогати својата „ѕвездена“ колекција фотографии, а истовременo и приказните кои го следат нивното настанување. „Често во темна ноќ одам сам во некое зафрлено место. Додека со ламба во рацете се провлекувам низ грмушки, понекогаш се прашувам зошто воопшто го правам ова и сè уште не го знам вистинскиот одговор на ова прашање. Понекогаш не е лесно, понекогаш се плашам, но колку ми е потешко да дојдам до некое место, подоцна повеќе се гордеам со резултатот.
„Немам фотографирано само на северот од земјата, еве и неколку јужни ѕвезди, снимени на Кавказ во долината на реката Цица. Во длабоката темна клисура, опкружена со стрмни падини, нема траги ниту од животни, ниту од луѓе. Моравме да го следиме правецот по кој се простира речното корито, наместа преминувајќи од брег на брег. Запревме на релативно рамен дел од кањонот. Решив да направам ноќно забавено снимање додека Млечниот пат пловеше над стрмната клисура. Камерата требаше да се постави во средината на кањонот. На леќите ставив систем за загревање на стаклото за да не се создава магла од кондензацијата и да расипе сè.
„И оваа фотографија е направена на Кавказ. Со пријателите пеш ја преминувавме Гуамската клисура, а следното утро ја напуштив групата зашто сакав да дојдам до Орловите карпи. Стасав до едно место недалеку од селото, а бидејќи не го знаев точно патот морав оттаму да се ориентирам според азимут, како што велат истражувачите. Се ближеше самрак. Извесно време се гледаше месечината, а потоа таа исчезна зад хоризонтот. На делот од литицата кој беше осветлен од месечината, на десната страна цела ноќ се огласуваше една птица. Со оглед на тоа дека стануваше збор за Орловите карпи, најверојатно тоа беше орел. Можеби поради тоа мојата ламба и така се тресеше“.
„Ова беше вториот ден од моето патување на Елбрус. Пат од девет часа од стрмна падина низ снег, со тежок ранец на грбот, беше исклучително напорен, дури и покрај паузите. Навечер стасавме до преубавото езеро Силтранкел. Вечерата навистина ни годеше и бевме среќни што вреќите за спиење ни останаа суви. По олку долго одење пеш уживате во едноставните секојдневни нешта. Пред спиење прошетав околу кампот, носејќи батериска ламба и снимав. Од левата страна на снимката се гледа облак што носи бура. Само 15 минути подоцна почна силно да врне“.
„Еден пријател ми спомена едно малкупознато езеро Хижи тука на Кавказ, оддалечено околу еден час возење со автобус од градот Туапса. Додека го поставував апаратот небото наеднаш стана темно и почнаа да се појавуваат ѕвезди. Ми беше лесно да ја видам ѕвездата Северница и снимањето го поставив така што таа би се наоѓала покрај врвот на дрвото. Кога камерата почна да снима, мирно си го подигнав шаторот и си се вовлеков во вреќата за спиење. Непрекинатото снимање се контролира со посебен далечински управувач за камера, па може да се програмира саканиот број кадри – оваа слика е направена од 909 снимки кои настанаа таа ноќ“.
„Се качивме до Ленцовите карпи со цел да се аклиматизираме на планинските услови, а потоа имавме еден ден одмор. Таа вечер беше преубава. Прошетав недалеку од кампот. Северниот 'склон' (како што го нарекуваат туристите) на падината на Елбрус е огромна површина нa која лежат расфрлани купишта камења. Не се знае како тие дошле тука. Можеби ги донел некој глечер или лава од источниот кратер на Елбрус. Сакав со апаратот да ја овековечам оваа величествена убавина на пределот осветлен со месечината од ѕвезденото небо во позадината“.
„Камилската планина се наоѓа на десниот брег на реката Волга во националниот парк Самарско пристаниште. Од Самара до најблиските села може да се стаса со чамец или со бротче. Планината го има добиено името по необичната возвишеност која потсетува на две грби, а е мошно популарна кај планинарите кои тренираат на неа. Таа ноќ многумина од нив поминуваа тука, па не смеев да го оставам фотоапаратот без надзор. Сликата на ведро сино небо е забележана во три часот наутро. Одвај се гледаше со голо око, но поради долгата експозиција камерата прима повеќе светлина од човековото око“.
„Во селото Торново во околината на Самара вниманието ми го привлече овој напуштен москвич. За да настане една ваква фотографија потребно е да се снимат 820 кадри. Небото беше ведро, речиси без ниту еден облак, па ѕвездите се гледаа убаво. Прекините во низите ѕвезди настанаа поради неколку мотоцикли кои поминаа тука, а некои снимки беа премногу светли, па затоа ги отфрлив“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња