Алина и Сергеј се во брак веќе 15 години. Живеат во Јарослављ, мал руски град во близина на Москва Сергеј е козачки атаман, додека неговата сопруга Алина се грижи за децата.
Аша МајлсИмаат четири ќерки кои одат во специјална теолошка школа. Една од ќерките се вика Фросја, има 10 години и веќе го знае симболичкото значење на секоја боја на иконите.
Аша МајлсАлина вели дека отсекогаш ја привлекувала убавината на руските балови, расошната тоалета на руските дами, како и традициите од Руската империја. Членовите на ова семејство строго ги почитуваат познатите правила и обичаи од претходните векови.
Аша МајлсМебелот во домот на Алина и Сергеј исто така ја одразува нивната љубов кон минатите векови. Некои парчиња се современи, но богатите завеси, белите чаршави и накитените ногарки откриваат колку е голема нивната страст кон однесеното време.
Аша МајлсАлина рачно ги шие фустаните за ќерките, но и за други вљубеници во модата од минатото. Баловите од времето на Руската империја се нејзина голема љубов.
Аша МајлсСергеј, главата на семејството, жали што книгата „Домострој“ повеќе не е во мода.
Аша МајлсСергеј за себе вели дека е патриот. Има посетено многу земју и се увреил дека може да биде среќен само во својата татковина Русија.
Аша МајлсОваа книга од 16 век содржи правила и упатства за организација и водење на домаќинството, вклучувајќи ги и оние за семејните односи.
Аша МајлсЕдно од правилата во „Домострој“ кое ги регулира хиерархиските односи во семејството, а кое вели „Жената треба да се плаши од мажот“ Сергеј не го сфаќа буквално, но смета дека сопругата треба да го почитува сопругот, да го слуша и никогаш да не му се спротивставува, а децата треба да ги слушаат родителите.
Аша МајлсНа ѕидовите од станот се наоѓаат портрети од членовите на династијата Романови: Николај Втори, неговата сопруга Александра Фјодоровна и петте деца – сите тие биле убиени од болшевиците, а подоцна биле прогласени за светители.
Аша МајлсПретплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче