„Н.В. Гогољ“ е вистинска легенда на руското речно бродарство. Иако е изграден во 1911 година, тој сè уште е во одлична состојба.
Wikipedia.orgДодека крстосува по реката Северна Двина во близина на Архангељск, град на брегот на Бело Море, паробродот буди сеќавања на старите времиња пред Октомвриската револуција.
Александар МалфеевскиБродот го добил своето име според познатиот писател Николај Василевич Гогољ и изминатово лето една вечер беше претворен во вистински времеплов. Локалните вљубеници во историските реконструкции организираа фотосесија во старински стил на палубата на овој ветеран. Учесниците во реконструкцијата (одлево надесно): Јана Коломина, Кирил Кузовлев, Семјон Алферов и Олег Волгин.
Роман Клименко„Ние сме ентузијасти и ова го правиме бесплатно. Желба ни е да покажеме како навистина изгледала оваа историска доба, со цел луѓето да можат навистина да ја допрат и да ја почувствуваат“, вели Јана Коломина, организаторка на настанот. На сликата: Ољга Ладилова и Вјачеслав Агапудов.
Роман Клименко„Н.В. Гогољ“ е најстариот патнички брод во Русија. „Се чувствува духот на една прекрасна доба пред Првата светска војна и пред појавата на телевизијата. За мене ова не е само пароброд, ами и одраз на храбар, убав и млад свет полн со надеж“, вели Александар Малафеевски, еден од фотографите што учествуваа на снимањето. На сликата: Елена Зубарева и Семјон Алфјоров.
Роман Клименко„Со оглед на тоа што знаевме дека овој пароброд е постар од 100 години, дојдовме на идеја да направиме снимање на неговата палуба“. На сликата: Елена Зубарева и Олег Волгин.
Роман КлименкоНа фотографиите има модели кои претставуваат луѓе и ситуации од летото 1914 година, неколку месеци пред Првата светска војна. На сликата: Олег Волгин, Полина Коломина и Елена Чивиксина.
Александар МалафеевскиВеќе се гледа навестување на идната голема трагедија. Во Сараево е убиен Франц Фердинанд. Неколку седмици подоцна Русија објави општа мобилизација. На сликата: јана Коломина.
Александар МалафеевскиЛуѓе на палуба изгледаат безгрижно, но излегува дека тоа е затишје пред бура. На сликата: Наталија Мамаева, Елена Зубарева и Елена Чивиксина.
Александар Малафеевски„Снимавме навечер, но на Северот ноќите не се сосема мрачни. Сепак, светлото не беше идеално, но тоа можеби е и добро. Сивото небо придонесе за мистичната атмосфера исполнета со меланхолија“, се сеќава Малафеевски. На сликата: јана Коломина и Гинтарас Шлехта.
Роман КлименкоВо 20 век Русија изгуби милиони луѓе во светските војни. Сепак, „Н.В. Гогољ“ не е оштетен во тие тешки времиња и е зачуван до денешен ден.
Роман КлименкоБродот ги преживеал двете светски војни, Октомвриската револуција, граѓанската војна и распадот на СССР. На сликата: Семјон Алферов и Елена Зубарева.
Роман КлименкоВо 1972 година паробродот беше целосно реконструиран во фабриката за ремонт на бродови „Звјоздочка“ во Северодвинск, еден од водечките воени центри за бродоградба во СССР и во Русија. На сликата (оддесно налево): Наталија Мамаева, Вјачеслав Агапудов и Елена Зубарева.
Роман КлименкоПаробродот „Н.В. Гогољ“ сè уште плови на задоволство на своите патници, како на локалните жители, така и на посетителите на Архангељск.
Александар МалафеевскиПретплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче