Би-Би-Си: Зошто е Западот одговорен за конфликтот со Русија

„Односите се расипаа кога Западот не ја прифати Русија како земја која го урна комунизмот. Требаше Русија да биде примена во новата заедница на земјите, но на неа, наместо тоа, се гледаше како на наследничка на СССР, што стана главниот извор на недоверба за Западот“, смета американскиот аналитичар Пол Пилар.

Односите меѓу Русија и САД се најлоши од ерата на студената војна. Земјите разменија заемни обвинувања по повод Сирија, но притоа сфаќаат дека имаат клучна улога во регулирањето на конфликтот, пишува аналитичарот на Би-Би-Си Џонатан Маркус.

Независно од моменталната ситуација, постојана војна во Сирија нема да им донесе полза ниту на Москва, ниту на Вашингтон. Но без основно ниво на доверба, односите на Русија и САД секогаш ќе почиваат на нестабилна основа, додека завршувањето на новата студена војна би донело почеток на „нова ера“. Русија извесно време ја имаше напуштено меѓународната сцена, но сега е врати со желба да ја зајакне својата позиција во регионот и да си ја врати претходната улога на глобално ниво, пишува аналитичарот.

Маркус се прашува зошто односите меѓу Русија и Западот по студената војна не се развиваа во позитивна насока и кој е повеќе виновен: САД со својата желба да ги совладаа сите или Русија со својата „носталгија по советската моќ“. Како што истакнува аналитичарот, на овие прашања не постои краток одговор, но ставовите на некои експерти би можеле да ја разјаснат состојбата на нештата.

„Односите се расипаа кога Западот не ја прифати Русија како земја која го урна комунизмот. Требаше Русија да биде примена во новата заедница на земјите, но на неа, наместо тоа, се гледаше како на наследничка на СССР, што стана главниот извор на недоверба за Западот“, смета американскиот аналитичар Пол Пилар.

Освен тоа, НАТО сакаше непрекинато да се шири, најпрвин вклучувајќи земји како Полска, Чешка и Унгарија, а потоа и балтичките земји, т.е. поранешната територија на СССР. Не е никакво чудо што Москва ќе се обиде да го спречи влегувањето на Грузија и Украина во Алијансата. Русија генерално чувствуваше неправеден однос од страна на Западот.

Во сегашната ситуација треба да се размисли што ќе се случува понатаму во односите меѓу Русија и САД. Поранешниот шеф на британската разузнавачка служба Џон Соерс смета дека врз следниот американски претседател лежи одговорноста да ги промени односите со Москва. Според него, Западот не сака односите со Русија ни да се подобрат, ни да се влошат. Но страните треба да размислат како можат заедно „да ја обезбедат меѓународната стабилност“. Времето на униполарниот свет на САД „траеше кратко и сега е завршено“, смета Соерс.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња