Претседателот на Русија, Владимир Путин на пленарната сесија на XI-то заседание на Меѓународниот форум „Валдај“, кој се одржува во Сочи. „Валдај“ е меѓународна мрежа од врвни експерти, политичари, новинари, формиран 2004 година и именуван според езерото „Валдај“, близу Велики Новгород, каде за прв пат се одржал форумот. Целта на овој форум е да понуди независни и научно втемелени социјално-политички и економски анализи за Русија и светот. Мислењата искажани овде се сметаат за многу релевантни и силен сигнал во меѓународната политика. Токму затоа некои западни медиуми го оценија настапот на Путин како еден од најважните надворешнополитички говори. 24 октомври, 2014. Извор: Сергеј Гунеев/РИА Новости.