Прослава на историската победа

Одбележување на 70-годишнината од Сталинградската битка.


Голема прослава на 70-годишнината од победата во легендарната Сталинградска битка, која со поразот на нацистите, го смени текот на Втората светска војна, а со тоа и на светската историја. Во денешен Волгоград, 900 km јужно од Москва, шест месеци се водеа жестоки битки против германските трупи кои се обидуваа од таму да стигнат до нафтените полиња во Кавказкиот регион. Ова е првиот голем пораз на Хитлер, после кој тој се повлекува од Советската територија.
Воената парада во чест на оваа битка и спектакуларниот огномет, пред Меморијалниот комплекс Мамаев Курган, беа проследени од претседателот Путин, странски државници и амбасадори.
Се проценува дека околу 1.2 милиони луѓе загинале од двете страни во оваа епска битка за татковината и слободата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња