МГУ, Ломоносов - место на една долга традиција

Ви го претставуваме Московскиот државен универзитет.


За македонски превод притиснете „CC“.

Еден од најпознатите универзитети во светот, Московскиот државен универзитет - М. Ломоносов, секоја година на 25 јануари ги отвора своите двери за сите: за бруцошите - да ја почувствуваат атмосферата, за поранешните дипломци - да се потсетат на убавите денови, како и за останати посетители кои сакаат да го доживеат ова импресивно здание.
Оваа традиција е започната уште од основањето на универзитетот во 1755 година кога Елизабета го задолжила тогаш познатиот научник Михаил Ломоносов да основа универзитет. Тоа се случило на 25 јануари, поклопувајќи се со прославата на празникот на Св. маченица Татјана, која воедно станува патрон на руските студенти, а денот од тогаш се нарекува „Татјанин ден“.
На овој ден, ректорот ги поздравува студентите, кои потоа се собираат на Црвениот плоштад, а рестораните и кафе-баровите организираат забави и сето се завршува со огромна забава - диско на мраз. Па, ако сакате да дознаете што е вистинска студентска журка, морате да ја посетите Москва на 25 декември.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња