За македонски превод притиснете „CC“.
Во Доброе село, 320 кm. југоисточно од Москва, сè е добро. И не само добро, ами и здраво, дури и салото. Така барем сметаат локалните жители. И токму затоа овде секоја година во јануари се организира и Фестивал на салото наречен „Добро сало“.
Воопшто, многу руси веруваат дека салото е здраво, дури и дека ги одржува во форма. Тие велат дека тоа содржи аминокиселини кои помагаат во согорувањето на мастите во телото. Затоа, традиционално, мали кришки од сало се јадат со црн леб, лук и вотка.
На фестивалот со свои продукти се застапени и производители на месо од целата област Липецк. Организаторите велат, дека со оглед на интересот, догодина ќе се придружат производители и од соседните региони и цела Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.