Годинава, на 22 јануари се навршија 115 години од раѓањето на филмскиот режисер и естетичар Сергеј Ејзенштајн. Роден е во 1898 година во Рига, а умира 1948 година во Москва.
Иако во својата кариера сними само седум филмови, сепак беа доволни за да влезе во историјата како еден најголемите филмски теоретичари и практичари. Всушност, тој го претвори филмот од само забава, во уметност. Неговиот најголем допринос е во развојот на монтажата, но не само како техничка постапка, туку монтажата како изразно средство со кое филмот добива, нова естетска димензија. Таквиот пристап беше вистинска иновација во тоа доба.
Светска слава му донесоа историските „Александар Невски“ и „Иван Грозни“. Ако до сега не сте погледнале филм на овој гениј, се надеваме дека нашето видео ќе ве поттикне, час поскоро да го сторите тоа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.