Бардот на Советското актерство

75 години од раѓањето на Владимир Семјонович Висоцки, легендарниот советски кантавтор и актер.


За македонски превод притиснете „CC“.
Првиот канал на руската телевизија на 25 јануари, на денот на 75 годишнината од раѓањето на познатиот руски кантавтор и актер Владимир Висоцки, ќе го прикаже филмот „Фала што си жив". Филмот говори за мистериозните настани кои претходеа на смртта на Висоцки. Владимир Семјонович Висоцки, легендарниот советски кантавтор и актер е познат и омилен не само во земјите на поранешниот СССР. Сепак, веројатно малку кој се сеќава дека во кариерата на Висоцки имаше еден период кога тој работеше во СФРЈ на снимање филм за Титоградската телевизија. Имено, во 1974 Висоцки играше една од главните улоги во филмот „Оковани шофери“ („Единствен пат“), заеднички советско-југословенски проект кој ги опишува настаните од Втората светска војна на територијата на Југославија. Филмот е снимен во 1974 година во филмското студио на Титоград (СФРЈ) со учество на московскиот „Мосфилм“, а режисер на истиот е Владимир Павловиќ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.