Еден од најстарите изложбени салони во Москва - Манеж, ја започна новата сезона - 2013 со уникатен перформанс на познатиот шведски уметник Чарлс Сандинсон. „Ехо на соларни бури“ е нов проект на овој уметник кој е подготвен специјално за изложбениот простор Манеж. Всушност, се работи за бројни цитати проектирани на ѕидовите, подот и таванот на салонот. Во овој случај цитатите се од познатиот руски научник, философ и втемелувач на космизмот - Александар Чижевски.
До 26-ти јануари, посетителите ќе можат да видат само празна сала со „светлечки зборови“. Оваа изложба веројатно е најчудната во салонот Манеж, од неговото трансформирање во изложбен простор во 1831.
Чарлс Сандинсон е познат по своите проекти со зборови и букви кои оживуваат, се движат и умираат. Инсталацијата во салонот Манеж во Москва е негов трет проект после сличните вакви изложби во катакомбите во Париз и Колосеумот во Рим.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.