Модерниот шаман

И музика и ритуал...за взаемно, меѓучовечко разбирање.


Хермес Цајгот - модерен шаман кој ги поврзува културните традиции на Исток и Запад. Во 1992 тој заминува во западна Европа, а потоа и во Америка, каде студирал модерна уметност од Џон Болдесари, Вадим Гринберг, Џорџ Сегал и Максимилијан Шеп.
Хермес е лидер и диригент на Оркестар непознати инструменти (ОНИ). Нивниот стил е „парчиња стилови“ - фузија на диско, техно, амбиент, нојс. Бендот се обидува да ги интегрира различните култури со цел да стимулира подобро меѓусебно разбирање.
Концертот се одржа во студиото на уметникот, во историската куќа на ул. Глинишчевски, каде живееле Немирович-Давченко. Всушност, концертот е настан кој постојано се одржува овде и во кој се вклучени не само музичарите, туку и сите присутни гости. На еден од ваквите настани се основа и Фондацијата за културни иновации „Сатурналиј“. Руска реч и во иднина ќе ги промовира и поддржува иницијативите на оваа фондација.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.