Путин ги продолжи неработните денови во Русија до крајот на април

kremlin.ru
Претседателот на Русија Владимир Путин во своето обраќање до нацијата соопшти дека неработните денови со нормално пресметување на платата во Русија се продолжуваат до 30 април.

„Неработната недела и режимот на самоизолација ни овозможија да добиеме на време. Но треба да се има на ум дека опасноста продолжува. Виролозите тврдат дека врвот на епидемијата не поминал, меѓу другото, ни во нашата земја“, истакна Путин.

Претходно во Русија неделата од 28 март до 5 април беше прогласена за неработна.

Рускиот претседател исто така изјави дека раководителите на регионите на Русија ќе имаат право самостојно да воведуваат рестриктивни мерки за граѓаните, поаѓајќи од медицинските показатели, како и од економската ситуација.

Путин изрази благодарност до медицинските работници и ги повика граѓаните на Русија да си го чуваат здравјето.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња