Излегува дека така постапува стадото кога е вознемирено. На пример, ако почувствуваат грабливец во близина или кога лете се нападнати од облаци од комарци. Додека кружат, чекаат да видат што ќе направи водачот на стадото и полека се смируваат. Во топлите денови ирвасите понекогаш се движат наоколу 12 часа без запирање, додека не се изморат. Обично се движат во насока спротивно од стрелките на часовникот.
Ирвасите се животни на стадо кои едно со друго се следат, следејќи го водачот на стадото, сметајќи дека тоа им обезбедува сигурност. Ирвасите кои се наоѓаат во најширокиот круг за време на „орото“ обично се приближуваат сé поблиску до центарот. Најмалото стадо ирваси има 20 единки.
Гоничите на ирваси исто така знаат како да иницираат кружење на животните. Тоа го прават со цел да ги втераат во ограда или да одвојат животни за запрега така што ќе го пуштат водачот на стадото да трча во круг, а потоа другите го следат.
Ирваси во „виор“
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче