Дизајнерот и сликар Нидгус создаде уште една виртуелна колекција на кукли кои ги претставуваат жителите на руската престолнина. Предмет на неговиот ироничен уметнички интерес претходно беа посетителите на руските продавници за храна и типичните жители на Москва.
Овој пат, тој го насочи своето внимание на честите гости на елитниот реон Патријаршиски езерца (Патриаршие пруды).
Патрики се еден од најпопуларните елитни делови на главниот град. Скапи ресторани, прескапи станови, продавници, изложбени простори и уникатна атмосфера. Затоа локалниот живот не е интригантен само за љубителите на прошетките низ стариот центар на градот, туку и за оние љубопитни да се најдат во „центарот на луксузот“.
Значи, кого можете да сретнете на Патријаршиските езерца:
Девојка која прави кругови на улица надевајќи се дека ќе се најде во објективот на уличен фотограф.
Новинар кој интервјуирал повеќе „богати“ од главниот уредник на магазинот „Форбс“.
Курир кој доставува нарачки од ексклузивни ресторани.
Двајца стилски облечени фраери кои си ја гледаат својата работа.
Девојка со огромно кесе која откако пазарела во трговскиот центар решила малку да се задржи на улица.
Девојка што работи се упатила да касне нешто во еден од рестораните за време на паузата за ручек.
Човек од Петербург, „широко познат во тесен круг“, случајно се нашол во објективот на фотоапаратот.
Човек со средна висина со качкет. Единствениот на таа улица кој навистина има пари.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче