Јулија Алипова
J Pat Carter/AP22-годишната Маргарита се појави во ликот на „Принцезата-лебе“, лик од познатата бајка. Костимот е дизајниран според истоимената слика на познатиот руски сликар Михаил Врубељ, а за негово изработка беа употребени 300 метри тул!
Московјанката Ана Линикова се појави пред членовите на жирито во темноцрвен плишан фустан богато украсен со бисери, креиран од дизајнерката Олга Маљарова, инспирирана од атмосферата на Зимскиот дворец во Санкт Петербург и богатството на царските балови.
Ралина е од Татарстан и нејзината национална носија е инспирирана од ликот на Сјуујмбике, владетелката на Казанскиот канат од XVI век. На дизајнот работеше Султан Салиев. Костимот се состои од краток капут-камзол и макси здолниште од скап плиш, извезено со свилени мотиви. За украсување се користеа вештачки дијаманти и кристал.
Националниот костим на Алина предизвика бурни полемики на интернет, бидејќи очигледно никој не ја разбра неговата концепција. Дизајнерот Глеб Винокуров се оддалечи од традиционалните кокошници и ликовите на древните царици и ја претвори Алина во... брилијант. Но, ниту публиката ниту жирито не го разбраа ова дизајнерско решение и го нарекоа костимот „брилијантска нинџа желка“.
Жирито го оцени националниот костим на Јулија како еден од најдобрите. Таа на подиумот се појави во затворен темносин фустан со златни дезени, во кој наликуваше на руска благородничка. Дизајнер на костимот е Игор Дадиани.
Националниот костим на Ксенија и оваа, како и неколку претходни години, го изработи Глеб Винокуров. Овој пат, дизајнерот најде инспирација во гжељот, традиционалниот стил на руското сликарство. Раскошната бела тоалета до подот со голи раменици е попрскана со блескави кристали и природни бисери.
Концепцијата на костимот на Јулија беше многу необична. Костимот беше наречен „Птица на мирот“, а го дизајнираше Глеб Винокуров. Инспирацијата ја нашол во ликот на рајската птица Сирин од древните руски бајки, која има тело на птица и глава на девојка. Сепак, таквиот необичен костим не беше разбран од жирито (девојката испадна по првиот круг), ниту од многу жители на Русија, кои нејзиниот изглед во таква облека го карактеризираа како вулгарен.
Владислава се појави во костим кој претставува нов концепт на жар-птицата од руските бајки. Таа беше облечена во припиен златен фустан со длабоко деколте, чипкани „крилја“ на грбот и прекрасен украс од пердуви на главата. Костимот е креиран од Глеб Винокуров.
Руската натпреварувачка во 2014 година се појави во костим кој веднаш го сфатија сите. Тоа беше традиционален руски народен фустан со кокошник. Јулија преку фустанот имаше „душегреја“ (кратка струкирана јакничка која девојките ја носеле на празник) рачно извезена со скапоцени камења и бисери.
Елмира го освои третото место на натпреварот во категоријата „Национална носија“. Нејзината носија потсетува на ликот на руската принцеза Олга, а фустанот е изработен во стилот на традиционалните носии од времето на Иван Грозни.
Оваа национална носија претставуваше слободна интерпретација на традиционалниот руски фустан со павлопосадски шари. Наместо традиционален кокошник, девојката носеше голема цветна композиција надополнета со пердуви од паун на главата, а на вратот - ѓердан од природни бисери. Оваа облека за Елизабета ја креираше рускиот дизајнер Вјачеслав Зајцев.
Костимот за Наталија го креираше дизајнерот Валентин Јудашкин, но на жирито не му се допадна. Наталија се појави на подиумот со кокошник на главата и во бикини преку кое беше префрлена голема марама од тантела.
Целиот костим на Ирина личеше на изгледот на познатата Мономахова шапка, царска реликвија, украсена со крзно од самур и скапоцени камења. А големата дијадема со вметнати бисери го комплетираше изгледот на натпреварувачката.
Софија на натпреварот за „Мис Универзум“ се појави во многу необична национална носија. Дизајнерите решија на здолништето да комбинираат елементи на хусарска униформа и традиционални мотиви во стилот „гжељ“. На рамениците имаше златни еполети, а наместо вообичаениот кокошник, главата ја красеше хусарско чако (тврда, висока воена капа).
Националната носија на Вера беше модерна интерпретација на рускиот народен стил - фустан со орнаменти во стилот на „гжељ“, украсен со природни бисери и ѕвонести широки ракави.
Ликот на „Принцезата-лебед“ првпат се појави на натпреварувањето уште во 2007 година, а го претстави Татјана Котова. Овој костим ја доби наградата на публиката.
Дизајнерите на националната носија за Литвинова се осмелија да ги комбинираат павлопосадските шари со сликарството во стилот хохлома. Препознатливиот костим е украсен со чисто злато, поради што целиот костим тежеше над шест килограми.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче