Руската блогерка и манекенка Ана Брулетова се појави во реклама за автосалонот за автомобилот Bentley Mulsanne. Меѓутоа, тоа не беше обична реклама на каква што сите се навикнати. Одлучено е да се снима во стилот на ASMR-видео, а тоа се снимки на кои луѓето особено тивко испуштаат звуци, како да му шепотат директно на уво на гледачотсо цел да предизвикаат пријатни чувства. Сосем неочекувано, рекламата со Брулетова брзо го освои интернетот.
Ана е 24-годишна манекенка и актерка од Иваново. На 15 години почна да гради кариера како модел и тогаш сними реклама за трикотажа што се произведува во нејзиниот роден град.
Кога го заврши училиштето, се пресели во Москва и продолжи да се појавува во реклами за разни брендови на облека. Паралелно, таа одлучи да води блог на YouTube и TikTok.
На популарниот снимка Ана во краток црн фустан нежно потчучнува со ноктите различни делови од автомобилот и со тивок заводлив глас го изговара зборот „Бентли“. На гледачите видеото им беше толку забавно што на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат пародии на рекламата, а Ана стана меѓународен хит.
Сега љубителите на автомобили од целиот свет прават „прикази“ на трактори, тенкови и нивните омилени „Запорожци“, имитирајќи ги движењата на Брулетова. На TikTok и YouTube дури се појавија и хаштагови #ASMRBently и #BentlyGirl – со чија помош можете да ги најдете најпопуларните пародии.
„Бентли“ првенствено се споредува со другите автомобили. Како со странски:
Така и со советските класични модели:
Има и такви луѓе кои го споредуваат овој автомобил од бизнис-класата со егзотични модели како воени џипови и германски тенк од Втората светска војна:
Се појавија и видеа со превозни средства какви што ретко кој користи:
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче