Како што соопшти локалната администрација, конструкциите на дабарите почнале да го менуваат речниот тек: „Водата почна да тече низ долината по должината на единствениот пат што го поврзува селото Староседово со реонскиот центар. Се појави опасност автомобилскиот пат да биде поплавен“.
„Почнавме да алармираме, бидејќи тоа е единствениот пат што го поврзува Староседово со реонскиот центар. Таму поминува училишниот автобус. Тоа е единствената врска на селото со остатокот од светот“, објасни претседателката на Легостаевскиот селски совет Елена Загоскина.
За да не се случи тоа, работниците на патиштата почнаа да ги уриваат браните и да ја враќаат водата во претходните текови. Сепак, тоа не беше лесно, бидејќи машините почнаа да се заглавуваат во мочурливата земја.
„Овде не може да се пријде. Земјата е песочна, а се насобрало многу вода, можеби се формирал дури и жив песок, бидејќи багерот веднаш потона. Го извлековме со специјално возило за мочурлив терен и уште еден багер“, изјави Игор Тимошенко.
Водата поткопа и столб на далновод. Две села неколку часа останаа без струја. Во текот на ноќта проблемот со далноводот беше решен, а потоа беше извлечен и багерот. Сега браните се урнати, водата се повлече и опасноста помина. Локалните жители велат дека дабарите ја вратиле Грјазнушка во нејзиното старо корито.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче