Фока почна да црта за да го совлада стресот!

@directorKLDzoo
Машката фока Кајус од Калининградската зоолошка градина доби четкичка и бои за да не покажува агресија спрема другите фоки.

Неговите цртежи на социјалните мрежи ги објави директорката на зоолошката градина Светлана Соколова. Според неа, работниците во зоолошката градина ги развиваат интелектуалните способности на животното со помош на нови задачи.

„Работевме на отстранување на стресот кај Кајус за да ја намалиме неговата агресија спрема друга фока по име Киљка. Заклучивме дека кога ги тренира своите когнитивни функции Кајус станува посмирен, неговата агресија исчезнува“, објаснува тренерот за фоки Лолита Сидоренко.

За време на годините тренинг, Кајус совладал голем број команди и било неопходно да му се сврти вниманието на некој нов начин.

„Тој сега знае многу нешта, а нашата фантазија во ветеринарниот сегмент е исцрпена. Лида Авилова смисли начин да го окупираме со нешто ново – со цртање. И се надеваме дека ќе биде доволно уште долго, бидејќи потребни се многу фази на обука за да се достигне таква вештина“, велат од зоолошката градина.

Во коментарите на објавата на Светлана Соколова веќе се јави голем број луѓе кои би сакале да ги поседуваат сликите направени од фоката.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња