Зошто руските соседи тркалаат метални топчиња на подот?

Legion Media
Веројатно сите во Русија го слушнале овој необичен звук во станот: како соседите над вас да испуштаат нешто на подот или да тркалаат топчиња на паркетот. И, се разбира, вашата реакција би била да чукнете со метлата во таванот.

Распуштени соседи и нивните животни, лизгачки врати од плакарот, бучава од лифтот или канализацијата - вака корисниците на интернетот се обидуваат да ги објаснат необичните звуци. Но, не се прашуваат зошто најчесто се слушаат навечер.

Излегува дека овој звучен ефект е чест во повеќекатниците направени од бетонски панели. А последица е од бетонската арматура. Во текот на денот плочите се загреваат и под влијание на топлината арматурата се затегнува, додека навечер, кога температурата паѓа, металните шипки се враќаат во првобитната положба. „Опуштањето“ на арматурата и нејзиното движење создаваат акустична резонанца, поради што се чини како да паѓа метално топче и се тркала.

Инаку, оваа специфичност е предвидена при проектирањето на зградите, така што не мора да се грижите дали станот ќе ви пукне по шевовите.

„Драги пријатели! Се селам на приземје па ги подарувам своите метални топчиња за ноќно тркалање по подот. Во добра состојба се, звукот е одличен“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња