Во втората половина на осумдесеттите и на самиот почеток на деведесеттите години од минатиот век ширум Советскиот Сојуз, на најнеочекувани места, во станови, во подруми или во училишните фискултурни сали се отвораа специфични „кина“. Само што проекторот беше заменет со обичен телевизор со не многу голем екран поврзан со видеорекордер. Во такви кина коишто се нарекуваа видеосалони се прикажуваа пиратски снимки на странски филмови на видеокасети. Преводот оди преку оригинален звук и го изговара еден глас.
Без оглед на страшно лошиот квалитет на сликата и на звукот видеосалоните беа енормно популарни, што воопшто не зачудува, со оглед на тоа што за милиони советски граѓани ова беше единствена можност да видат актуелни странски филмови. Во дијапазон од „Осум и пол“ до „Зли мртви“ или акциони со Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне.
Москва, ул. Арбат, 1986 година.
Тер-Месропjaн/SputnikПрвите советски видеосалони беа отворени целосно легално во видеотеки во кои можеа да се изнајмат видеокасети. Првиот видеосалон во Москва започна со работа во 1985 година на Арбат во зградата на поранешното кино. Освен салата со 30 места постоеле „поединечни кабини“ со три до четири места и можело да се дојдe со пријатели или со семејство. Подоцна започна да работи како подвижен видеосалон ЛиАЗ-5917 сместен во приградски автобус.
Видеосалон, 1988 година.
Борис Клипиницер/TASSМеѓутоа, официјалните видеотеки и видеосалони не беа многу популарни. Домашниот видеорекордер во тоа време сѐ уште беше реткост и привилегија. Можноста да се изнајмуваат видеокасети или да се гледаат филмови во видеосалоните постоеше, но тоа беа исклучиво советски филмови коишто инаку се прикажуваа на телевизија и се даваа во кината.
На почетокот на перестројката, кога во 1987 година делумно беше легализиран приватниот бизнис сѐ се смени. Како што се покажа во практика, видеосалоните станаа одличен вид мало стопанство. Беше потребна само просторија, неколку десетина столови, телевизор, и секако најскапоценото – видеорекордер. Интересот беше толку голем што вложувањето се исплатеше за неколку месеци. Одењето во видеосалон целата земја, од Москва до Владивосток, чинеше исто, во просек една рубља, додека билетот за кино беше од десет до педесет копејки. Меѓутоа, на кино не можеше да се види западен акционен или хорор филм, како ни еротика или комедија.
Чељабинск, 1988 година.
Борис Клипиницер/TASSКако во времето на прохибицијата во Америка, големата побарувачка доведе до процут на подземната индустрија. Најновите филмови од странскиот пазар полека стасуваа во СССР, а андерграунд преведувачите веднаш ги преведуваа, за потоа масовно да се умножуваат и да се дистрибуираат по видеосалоните. За лошиот квалитет на звукот е широко распространета една легенда. Наводно, преведувачите за да избегнат да ги препознаа КГБ по гласот го изговарале текстот со штипка на носот.
Фрунзе, Киргиска ССР, 1986 година.
Владимир Доценко/TASSТака авторскиот превод во вид на еден глас, настанат од нужда, стана култ. Некои преведувачки ѕвезди од времето на видеосалоните како што се Јуриј Сербин и Андреј Гаврилов и денес преведуваат филмови по нарачка од своите фанови. Тие не се ценети само од носталгични причини или од љубов кон препознатливата боја на гласот, туку поради квалитетот на преводот. Овие одлични преведувачи во секојдневниот говор воведоа многу синтагми, пред сѐ не баш пристојни еуфемизми. Синтагмата „Ублюдок, мать твою“ (You motherf**ker) од криминалната комедија „Крв и бетон“ (1991) во превод на Андреј Гаврилов стана популарно меме.
Освен тоа школата за симултан превод стана и одлична школа за филмски критики. Ова се однесуваше, да кажеме, на Алексеј Медведев, еден од најдобрите фестивалски селектори во земјата кој неодамна нѐ напушти. Беше задолжен за избор на филмови на два руски фестивала од А категорија, Московскиот меѓународен фестивал и „Порака на човекот“ во Санкт Петербург.
На влез во видеосалон во Ленинград, 1989 година.
Олег Кулешов/SputnikНајпопуларните филмови од времето на видеосалоните во СССР беа истите оние како и на Запад, а тоа се „Кум“, првите два дела на „Терминатор“ на Џејмс Камерон, неговиот „Осмиот патник 2“, како и „Осмиот патник“ на Ридли Скот, „Страв во улицата на Брестовите“ и други. Меѓутоа, имаше филмови кои станаа култни хитови само во СССР и на нити едно друго место. Да кажеме нискобуџетната хорор комедија „The video Dead“ од 1987 година која во Америка не ни беше во кинодистрибуција, а се појави само на видео. Во СССР овој филм беше вреднуван исто како и класиците на хоророт, како што е „Зли мртви“.
Комедијата „Полициска академија“ со Стив Гутенберг и акциониот „Командос“ со Арнолд Шварценегер беа популарни и дома, но нивниот тамошен успех не може во ниту еден случај да се мери со популарноста на постсоветските простори. Подоцна познатиот руски глумец Михаил Пореченков во својство на режисер ќе го сними неофицијалниот римејк на „Командос“ под насловот „Денот Д“. Доделувајќи си ја, секако, главната улога себеси.
Воронеж, 1986 година.
Игорь Зотин, Вадим Кожевников/TASSМасовната поплава на западни филмови кон крајот на осумдесеттите години од минатиот век влијаеше и на советската кинематографија од тоа време. Фантастичниот акционен филм „Подземје на вештерките“ на Јуриј Морозов е директен цитат на „Конан Варваринот“. Рок-ѕвездата Виктор Џој ги копира движењата на Брус Ли во урбаниот вестерн „Игла“. Јунакот на фантастичната драма „Урод“ („Наказа“) „суперхерој“ со суперспособности подражава сѐ што ќе види (го игра Никита Висоцки, син на славниот глумец и музичар Владимир Висоцки), па откако во видеосалон ја има видено култната сцена од „Командос“ во која Шварценегер носи трупец на рамената и самиот станува Шварценегер и ги уништува своите непријатели.
На почетокот на деведесеттите години од минатиот век видеорекордерите наголо поевтинуваат и доаѓаат во речиси секој дом. Времето на видеосалони ќе го замени времето на видеоклубови.
Москва, 1992 година.
Сергей Субботин/SputnikПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче