Оваа прекрасна девојка од Санкт Петербург беше прогласена за Мис на Русија на 8 октомври 2023 година, победувајќи 49 други натпреварувачки од целата земја!
Маргарита има 22 години и паралелно студира на два универзитети – следната година ќе дипломира на Руската царинска академија и е студент на втора година на Отсекот за музичка уметност на Московскиот државен универзитет за уметност и култура.
Бидејќи е природно талентирана и надарена за музика, нејзиниот втор избор на факултет беше само логичен. Појдовна точка на одделот за музичка уметност беше нејзиното учество во руската верзија на популарното музичко-пејачко шоу „Глас“.
Мис Русија не беше првиот натпревар во убавина на Маргарита. Таа, исто така, ја доби титулата Најубава студентка на Русија 2021 година и учествуваше на Мис Европа 2023 година, каде што заврши како прва придружничка. Од 16 години сонувала да учествува на изборот за Мис на Русија.
Освен што студира, Маргарита работи и како модел - случаен избор кој произлезе од смешна грешка. Таа се пријавила на аудиција за реклама за пељмени, но влегла на погрешна врата - просторија во која се одржувал кастинг за манекенки. Многу мудро, Маргаритала почна да го чита подготвеното сценарио - монолог за пељмени. Сигурно била многу убедлива, бидејќи директорот за кастинг на крајот ѝ понудил место во агенцијата!
Маргарита е родена во големо семејство - таа е едно од четирите деца. Нејзината мајка е лекар, а татко ѝ е инженер.
Она што следува понатаму е претставувањето на Русија на изборите за Мис на светот и за Мис Универзум. Ѝ посакуваме многу среќа!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче