Сега знаеме – женско е! Најнови фотографии од малечката панда во Москва

телеграм-канал "Мэр Москвы Сергей Собянин"
Малата панда од Mосковската зоолошка градина веќе е стара месец дена. Излезе дека е женско!

Младото на Жуи и Дингдин се роди на крајот на август, а зоолозите дури сега успеаја да го откријат неговиот пол.

На почетокот Диндин љубоморно го криеше своето младо и дури сега, кога малку порасна, дозволи да го прегледаат стручњаците. Како што излезе, се работи за женка.

Малечката напредува добро, брзо расте и добива во тежина. Сега е тешка 1288 грама, достигна висина од 36,8 сантиметри. А почна да ѝ се појавува и крзно.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња