Курилскиот бобтејл по име Симба живее во Владивосток, води блог и на своите следбеници им приредува забава објавувајќи фотографии со различни комбинации на облека.
Зиме Симба со неговиот стопан Сергеј оди на риболов носејќи шапка-ушанка и џемпер со снегулки, се дружи со моторџии во кожна јакна со шлем на главата, а лете ужива во природата во црвена кошула, додека на јахта оди, се разбира, во морнарска маичка.
Има и дуксерка, кул очила за сонце и различни шапки. Облеката му пристигнува од кројачка работилница, додека џемперите му ги плете професионална плетачка. Некои шапки, на пример, шлемот за витешки турнир, му ги направи лично Сергеј.
Симба има веќе 4 години. Од мал патува по руското Приморје во друштво на луѓе и многу е смирен, вели неговиот сопственик.
Уште сега е најпознатиот мачор во Владивосток!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче