Копаљхен - јадење што ќе убие секого, освен жител на Северот

Kenneth Konkle/flickr.com
Тоа е национално јадење на Ненеците, Чукчите, Хантите, Ескимите, Евенките и Нганасаните и најопасен деликатес на северната кукујна. Ако некој ненавикнат изеде копаљхен, ќе се отруе и најверојатно ќе умре.

Јадењето претставува месо ферментирано во „природни услови“. Станува збор за животно кое е убиено на одреден начин. Ако копаљхенот се прави од ирваси, тогаш се избира најсилната и добро ухранета единка.

Најпрвин ирвасот се чува неколку дена без храна, за целосно да му се исчисти желудникот. Потоа го убиваат со давење, за да не се оштети кожата и да нема рани по телото. Потоа телото се става во кал и се покрива со површински слој почва со вегетација. Местото се означува за подоцна да може да се најде.

Месото целата зима ја поминува во вода. Во него се формираат микроорганизми кои го менуваат неговиот состав и го збогатуваат со витамини. Меѓутоа, во исто време се ослободуваат и токсични материи. На пример, неврин, кој делува на организмот како боен отров. Кај луѓето доаѓа до обилна саливација, повраќање, дијареа, грчеви, и во повеќето случаи сето тоа завршува со смрт. Сепак, оние кои се навикнати на ова јадење нема да ги почувствуваат последиците. И тоа е можно.

Жителите на Северот се навикнуваат на копаљхен уште од детството. Нивниот организам на тој начин станува имун на овој отров. Покрај тоа, жителите на арктичките брегови имаат сосема поинаква концентрација на желудочна киселина. Таа е толку силна што ги уништува и ларвите на трихинела. Затоа месото е безопасно за нив.

Едно мало парче вакво месо е доволно за морски ловец да помине цел ден на студ на пловечките санти на Северниот Леден Океан (таму копаљхенот се прави од морж и се остава да отстои во вечниот мраз).

А што да правите кога ви студи и сте на крајот на светот?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња