Колку антарктички станици има Русија?

Алексеј Куденко/Sputnik
Цел град на полот на планетата Земја, осамена база каде дуваат сите можни ветрови или прибежиште опкружено со вонземски пејзажи. На руските станици на најстудениот континент на нашата планета може да се примени секој од наведените критериуми.

Антарктикот е континентот кој е последен откриен, пред само 203 години. Меѓутоа, да се дојде до најстуденото место на Земјата е само првото во низата искушенија. Ништо помал предизвик е „пуштањето корења“ во тие предели. За тоа беа потребни уште речиси 80 години.

Локалните научни станици имаат важна улога, тие собираат податоци за климата на Земјата, арктичката фауна, промените на магнетното и електричното поле во атмосферата, но и постојано вршат метеоролошки набљудувања. Континенталниот дел се смета за пазар на глобалните промени во споменатите сфери, бидејќи е најоддалечен од индустриските центри и производството.

Русија има седум такви станици и тоа „Восток“, „Мирни“, „Белингсхаузен“, „Новолазеревскаja“, „Прогрес“, „Рускаja“ и „Молодјожнаja“. И секоја од нив поради некоја причина е значајна.

„Мирни“, првата советска станица

Станицата е основана во 1956 година во времето на првата советска експедиција (наречена по едреникот што го откри континентот). Разбирливо, таа стана главна база за истражување, од каде тргна управувањето и опремувањето на сите наредни станици. На почетокот овде живееја меѓу 150 и 200 поларни истражувачи, но последниве години нивниот број се намали на 15 до 20. Управувањето со другите станици е префрлено врз помодерната станица „Прогрес“.

„Восток“, најпознатата истражувачка станица

Подигната е во декември 1957 година за време на втората советска антарктичка експедиција. Таа е единствена која се наоѓа речиси во самиот центар на континентот (сите други се на бреговите на заливот и крајбрежјето), во екстремно студена точка. Во 1983 година овде беа измерени 89,2 степени под нулата. Дебелината на мразот под станицата достигнува 3700 метри, а директно под станицата и тој леден оклоп е најголемото на Антарктикот субглацијално реликтно езеро Восток. Благодарение на езерото станицата стана позната низ целиот свет.

Откриено е од советски научници и е вистинска „временска капсула“, езерото што не замрзнува е изолирано од надворешниот свет со милиони години. Научниците очекуваат дека проучувањето на езерото ќе одговори на прашањата за потеклото на животот на Земјата и другите планети.

„Новолазаревскаja“, станица со руска парна бања

Од своето основање во 1961 година до денес тоа е место каде туристите застануваат на пат кон Јужниот пол. Тука се аклиматизираат, уживајќи во набљудувањето на речиси вонземските пејзажи. Во долината има „голи“ ридови високи околу двесте метри и меѓу нив езера чисти како солза.

Стана исклучително атрактивна во 2007 година кога ја доби единствената руска бања на Антарктикот.

„Молодјожнаја“, поранешната престолнина на Антарктикот

Долго време беше неофицијална престолнина на советскиот Антарктик, бидејќи во 1962 година тука беше изграден практично мал град. Станицата опфаќаше седумдесетина градби со улици, станбени комплекси, научни лаборатории, складиште за нафта и аеродром, каде што можеа да слетуваат големи патнички авиони. Зиме, кога е најмалку населена, тука живееја околу 500 луѓе, а лете најмногу 1400 луѓе.

Станицата, која функционираше цела година, привремено престана да работи во 1999 година, а во 2006 година беше воведен сезонски режим на работа.

„Белинсгаузен“, истражувачка станица со црква

Изградена е во 1968 година, а името го доби по Фадеј Белингсхаузен, руски адмирал и еден од поларните истражувачи кои го открија Антарктикот. Се наоѓа на островот Кралот Џорџ, едно од климатски најпријатните места на тие простори. Температурата во најстудениот месец, а тоа е август, се движи меѓу шест и седум степени според Целзиус, што е токму и причината поради која руските истражувачи ја нарекоа станицата „бања“. На Белингхаус не е здодевно ниту во зимските месеци, кога на станицата има исклучително мал број истражувачи, во близина се нејзините соседи, чилеанската станица „Фреј“ и кинеската станица „Чанчен“.

Антарктичката „бања“ од 2004 година има и своја дрвена црква, која важи за најјужната активна православна црква на светот.

„Рускаја“, подрачје со најсилни ветрови

Основана е во 1980 година и веќе во првата година од работењето беше јасно дека е изградена на едно од најсуровите подрачја дури и за Антарктикот. Овде дуваат силни бури со брзина од над 70 метри во секунда. Ветерот може да почне да дува без оглед на тоа кое годишно време е и може да трае по неколку недели. Токму затоа станицата го доби епитетот на најветровито подрачје. Ситуацијата со мразот е толку комплицирана што бродовите имаат само три недели годишно да се закотват покрај брегот. Сепак, станицата е важна бидејќи подрачјето на западниот Арктик, каде што се наоѓа таа, е една од најмалку проучените. Во близина нема ниту една населена точка.

„Прогрес“, модерен центар на руското присуство на Антарктикот

Станицата е изградена во 1989 година, носејќи го и ден-денес своето име со многу добри причини, бидејќи токму таа е најдобро опремена. Се работи за клучната руска поларна станица со нов комплекс за престој зиме, спортска сала, сауна, пинг-понг и билјард, соби и, се разбира, модерни лаборатории.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња