Запрега хаски од екипата на Краснојарскиот парк на флората и фауната „Ројев ручеј“.
Иљја Најмушин/SputnikХаски е заеднички назив за неколку раси кучиња за влечење кои живееле во арктичкиот регион. Сибирските хаски се раса што ги одгледале Чукчите на североистокот од Сибир – на Чукотка и на бреговите на Охотското море. (Овие „приморски“ Чукчи дури и се третирале како одгледувачи на кучиња, за разлика од Чукчите одгледувачи на ирваси кои живееле малку подалеку од морските брегови).
Се смета дека сибирските хаски се една од најстарите раси кучиња, а научниците веруваат дека живееле во првиот милениум пред нашата ера.
Автохтоните народи на Чукотка кои се занимавале со лов и со риболов со векови користеле запрега со хаски за превоз. И не само чукчите, ами и Јукагирите, Кереците и Ескимите. Се верува дека зборот „хаски“ всушност е изместено „ески“, што значи Ескими.
Русите ги освоиле Чукотка и Далечниот Исток во 17 и во 18 век, и веќе тогаш ги ценеле можностите на овие сибирски кучиња. Ги користеле хаските како свој главен транспорт (коњите не биле прилагодени за живот во толку студени услови) и ангажирале локални „кајури“, искусни гоничи на кучешки запреги.
Учесници на скијоринг
Александар Патрин/SputnikГусто влакно, компактна телесна градба, силни и јаки плеќи и одлично здравје – тоа е сѐ што им е потребно на овие кучиња за живот во тешките климатски услови на крајниот Север. Тие не само што успешно преживуваат, ами имаат и уникатни физички способности кои им овозможуваат без замрзнување да преминат огромни растојанија, и по кратка пауза да го продолжат патот.
Овие кучиња не се грижат за ниските температураи и можат да спијат на снег, а им е потребно многу малку храна. Чукчите ги хранеле хаските со замрзната или со сушена риба.
На финишот
Иљја Најмушин/SputnikОние што сакаат да чуваат вакво куче во стан, во затворен простор, треба да бидат свесни за овие нивни особини. Мораат долго време да минуваат со нив во прошетка зашто тие во гените имаат потреба да трчаат. Покрај тоа, современите одгледувачи предупредуваат дека хаските толку многу ја сакаат слободата што се склони кон бегство. Од друга страна, послушни се и лесни за дресура.
Со оглед на тоа што овие кучиња отсекогаш биле во друштво на човекот, речиси како членови на семејството, тие се мошне друштвени и имаат ведар карактер.
На финишот
Иљја Најмушин/SputnikСибирските хаски речиси никогаш не лаат, но можат да завиваат, особено ако се тажни. Одгледувачите им советуваат на сопствениците да не чуваат само едно куче. Ако се две, ќе им биде многу поинтересни (и помала е веројатноста дека ќе го демолираат станот и дека ќе го изгризат каучот).
Учесници на скијоринг
Александар Патрин/SputnikЗа време на американската „Златна треска“ хаските од Сибир се доведени на Алјаска, чие локално население било во сродство со староседелските народи на рускиот Далечен Исток. Подоцна започнаа често да се користат и за трки. Се верува дека современата одгледувачка раса сибирски хаски е добиена на почетокот на 20, и од запрежни кучиња се создадени тркачки кучиња, способни да развијат големи брзини, а притоа не ги имаат изгубено своите стари добри особини.
Американскиот кинолошки клуб „сибирскиот хаски“ го регистрираше во САД како раса во 1930 година, а во 1960 година под бројот 270 сибирскиот хаски се појави и во класификацијата на Меѓународната кинолошка федерација.
Учесници на скијоринг
Александар Патрин/SputnikПатем, бојата на хаски може да биде различна, а најраспространета е црно-белата и сиво-белата. Женките се тешки до 23 килограми, а мажјаците до 28 килограми. Нивниот животен век е од 12 до 15 години.
Гоничот Леонард Сепала со кучињата (кучето Того е одлево)
Carrie McLain Museum/AlaskaStock/Public DomainВо историјата на расата сибирски хаски постои необичен случај кога физичките способности на овие кучиња помогнале да се спасат голем број луѓе од епидемија на дифтерија. Градот Ноум, кој се наоѓа далеку на Алјаска е изолиран од надворешниот свет, зимата 1925 година пријави избивање дифтерија меѓу индијанските деца.
Потребно било во градот да се испорача серум против дифтерија, но силните мразови и снежната бура ги блокираа железничкиот и секој друг сообраќај. Тогаш норвешкиот гонич Леонард Сепала организираше штафетна експедиција до овој град. Требаше што поскоро да се совладаат 1.085 километри низ страшната бура и низ мразот, и да се достави спасувачкиот серум.
Гоничот Гунар Касен и кучето Балто.
Brown Brothers/Public DomainЗапрегата на Сепала јуреше дење и ноќе, еднаш дури се најде и на санта мраз која се одвои од останатата маса мраз и слободно пловеше. Запрегата без престан мина 418 километри, по што кучињата буквално паднаа од замор. Во штафетата која влезе во историјата како „големата трка на милосрдието“, учествуваа вкупно 20 гоничи и 150 кучиња. По оваа трка особено се прославија Того и Балто, две кучиња предводници на запрегата. На крајот вакцината беше испорачана за само пет дена и епидемијата беше успешно запрена.
Каникрос, учесници на трките со кучиња „Брзо куќе“, Битцевска шума, Москва.
Виталиј Белоусов/SputnikЗимското возење со санка што ја влечат хаски стана популарна атракција во Русија. На некои им е жал што кучињата се принудени долго да ја влечат запрегата, но самите хаски поради тоа воопшто не се несреќни. Тоа од дамнина е нивната намена и нивен начин на живот. Запрега од девет или повеќе хаски влечела санка со сопствениците, со товарот и со уловот.
Токму со помош на хаски норвешкиот патешественик и истражувач Роалд Амундсен стаса до Северниот магнетен пол и го освои таканаречениот Северозападен премин. За 30 дена со кучешка запрега мина повеќе од 1.300 километри (еден ден рекордот му беше 65 километри за 10 часа).
Покрај забавното возење со кучешка запрега постојат и спортски трки со кучешки запреги, познати уште од 19 век. Спортистите учествуваат во повеќедневни трки со запреги.
Скијоринг, резерват на биосферата на висорамнината Лаго Наки.
Николај Хижњак/SputnikВо последно време во Русија станаа популарни спортовите како што се скијоринг (кога неколку кучиња влечат скијач), картинг (кога кучиња за картинг влечат мали кочии), бајкјоринг (трка на велосипедисти со кучиња) и каникорс (кога куче со јаже влече заврзан тркач).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче