Почетoк на зимата во Јакутија: Првпат годинава забележани -60, луѓето излегоа на екстремна трка

Аjар Варламов/Sputnik
Силен студ го зафати регионот на Далечниот Исток на Русија - Јакутија. На места температурата падна и под -45 степени. Но, и на таков студ може да ви биде жешко, како што докажаа учесниците во една екстремна трка.

На стартот излегоа 70 луѓе, меѓу кои и аматери, но и спортисти од меѓународна класа. Живата во термометарот за време на трката покажуваше -47 степени.

Во зависност од полот и возраста луѓето трчаа од три до шест километри. Ваквите натпревари станаа традиција во Јакутија, а се одржуваат секоја година речиси четвртина век.

Претходниот ден утрото минимална температура во регионот беше забележана во селото Ојмјакон, каде што се спушти до -60, се наведува на веб-страницата на Јакутскиот хидрометеоролошки центар. Поради студот учениците се префрлија на онлајн настава.

Во другите северни населби на републиката температурата се движи од -50 до -45, додека во Јакутск е -38.

Ојмјакон се наоѓа на истокот на Јакутија, на надморска височина од 741 метар. Познат е како еден од „половите на студот“ на планетата. Најниската температура во Ојмјакон е измерена во 1924 година: -71,2 С.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња