Туристите и мештаните кои вечерва одлучија да се прошетаат по Пушкинскиот проспект со чудење ги разгледуваа гирландите во вид на растегнато јаже за алишта на кое се сушат алишта, вклучително и долна облека, закачени со традиционални штипки за алишта. Ваквото новогодишно осветлување не им се допадна на сите.
„Сепак е ова летувалиште, тука е релативно топло. И во Сочи луѓето го користат тоа, т.е. закачуваат алишта да се сушат. Тоа никаде го немам видено. Мене ми се чини дека испаднало многу добро“, вели една мештанка.
Имаше и такви кои беа скептични за необичната новогодишна декорација.
„Порано, кога висеа зајаци и верверички, беше и некако убаво. А ова, знаете, личи на онаа поговорка: извадете ги валканите алишта надвор и покажете ги на сите“, вели друг случаен минувач.
Друга жителка на Сочи истакна дека класичните и вообичаени украси повеќе ќе одговараат на овој град.
„Можеше да се обеси нешто друго. Има снегулки, шишарки. Зошто закачија гаќи, чорапи и маички? Не го разбирам тоа“, вели таа.
Во цело Сочи и понатаму се вршат подготовки за празникот, насекаде се појавуваат новогодишни елки, се ставаат светилки на палмите, а излозите на продавниците се шарени од гирланди кои ги мамат туристите на новогодишен шопинг.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче