Вулканот Шивелуч на Камчатка се подготвува за силна ерупција (ФОТО)

Вулкан Шивелуч, архивска фотографија

Вулкан Шивелуч, архивска фотографија

Marc Szeglat / picture alliance/Global Look Press
Вулканот Шивелуч на Камчатка премина во фаза на вонредна активност и се подготвува за силна ерупција, соопшти за агенцијата „КАМЧАТКА-ИНФОРМ“ директорот на Институтот за вулканологија и сеизмологија на Далекоисточниот огранок на Руската академија на науките, дописен член на Руската академија на науките Алексеј Озеров.

„Ерупцијата на Шивелуч е во фаза на вонредна активност. Куполата на вулканот е многу загреана, во текот на ноќта се забележува дека куполата свети практично по целата површина. Од падините се спуштаат вжарени одрони со температура од 1000 Целзиусови степени, течат пирокластични текови (мешавина од високотемпературни вулкански гасови, пепел и фрагменти од карпи). По правило, ваквата состојба на куполата може да се забележи пред силни пароксизмални ерупции“, изјави Алексеј Озеров.

Научникот исто така истакна дека до ерупција може да дојде секој момент.

Во текот на пароксизмалната фаза на ерупцијата, од падините на Шивелуч со голема брзина ќе течат пирокластични потоци. Опасност претставуваат исфрлањето на пепелта и одроните. Најблиските населби ќе бидат покриени со пепел. Потоците би можеле да поминат растојание од 20 километри и да го прелеат автопатот Петропавловск-Камчатски - Уст-Камчатск. Облаците од пепел претставуваат многу голема опасност за авијацијата. Туристите се предупредуваат да не ја посетуваат околината на вулканот во радиус од 15 километри.

Вработените во Кључевската вулканолошка на Институтот за вулканологија и сеизмологија на Далекоисочниот огранок на Руската академија на науките континуирано ја следат активноста на вулканот.

 

Шивелуч е еден од најголемите вулкани на Камчатка. Се состои од три главни дела: вулканот Стар Шивелуч, Стара Калдера и активниот вулкан Млад Шивелуч. Висината на куполата на Младиот Шивелуч е 2.500 километри. Вулканот се наоѓа на пресекот на Курилско-Камчатскиот и Алеутскиот вулкански островски лак на оддалеченост од 50 километри од населбата Кључи во Уст-Камчатскиот реон и 450 километри од Петропавловск-Камчатски. Староста на овој џиновски вулкан се проценува на 60-70 илјади години.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња