Пет најпознати модели на тинејџерска возраст од Русија (ФОТОГРАФИИ)

Alisa Samsonova
Сосем млади девојки го освојуваат светот на модата и потпишуваат договори со познати светски брендови, додека многумина негодуваат поради фактот што девојките го изгубиле своето детство.

Кристина Пименова

„Најубавото девојче на светот“ - ваква репутација ја следи московјанката Кристина Пименова од 2014 година благодарение на новинарите на „Дејли Меил“.

Кристина е родена во 2005 година во семејството на фудбалерот Руслан Пименов. Девојчето со крупни сини очи било толку привлечно што случајните минувачи дури ја прашувале нејзината мајка случајно да не работи како модел.

На крај мајка ѝ самата решила да испрати фотографија од Кристина во агенција за модели. Така Кристина се најде на огласите за „Бурбери“, „Прада“ и други големи брендови.

Девојчето се занимаваше со уметничка гимнастика и постигнуваше успех, но не се одлучи за професионален спорт, избирајќи ја кариерата на модел. Таа веќе се испроба и со мала улога во филм.

Ана Павага

Ана ја имаше првата фотосесија на тригодишна возраст, а кога наполни 9 години веќе стана заштитно лице на француската модна куќа Chloé. Нејзиниот портрет се појави на насловните страници на Elle, L'Officiel, Harper's Bazaar и други модни списанија, кои повеќе пати ја издвојуваа како најпознато и најбарано девојче-модел од Русија.

Ања е родена во 2009 година во Санкт Петербург и до својата 12 година веќе соработуваше со модни брендови како Givenchy, Little Marc Jacobs, Dolce & Gabbana, Dsquared, DKNY.

Притоа нејзината мајка тврди дека Ања води живот на „обично“ девојче и дека не пати од синдром на ѕвезда. Во 2021 година Ања се запиша на престижната Академија за руски балет „Агрипина Ваганова“.

Алиса Самсонова

Кога Сибирката Алиса имаше само 9 години, таа веќе стана заштитно лице на детската колекција Armani Junior и Monnalisa. Алиса Самсонова е родена во Краснојарск во 2007 година. Нејзините родители немаа амбиции да направат од неа модел од светска класа. Алиса се занимавала со уметничка гимнастика и посетувала обично училиште.

Меѓутоа, нејзиниот татко еднаш видел реклама за натпревар во убавина за деца. Си помислил зошто да не се обидат. Алиса победила на натпреварот и веднаш била повикана на фотосесија. Следната година, девојчето победило на рускиот избор за Little Top Model of Russia.

Младата Алиса направи професионално портфолио и почна да добива сé повеќе и повеќе покани за снимање реклами за детска облека, не само во Русија, туку и во Италија.

Иако има многу густ распоред, девојката тврди дека снимањата за неа се како одмор и дека на нив учествува во слободното време и за време на распустите.

Виолета Антонова

„Девојчето со ангелско лице“ – така ја нарекоа медиумите русокосата синоока Виолета.

Антонова е родена во 2011 година. И се чини дека штом прооде веќе ја освои пистата на Московската недела на модата. Сега учествува во снимања за брендови од целиот свет.

И нејзината мајка во младоста се занимавала со манекенство, но не постигнала сериозни резултати. Затоа сега често се појавува на фотографиите со својата ќерка.

Во снимањата учествува и постариот русокос брат на Виолета Дима со исто толку впечатливи очи. За волја на вистината, велат дека за него манекенството е на втор план, додека на прво место му е училиштето.

Анастасија Безрукова

Во 2014 година ѕвездата во подем Антонова ја нарекуваа конкуренција на „најубавото девојче“ Пименова.

На 10-годишна возраст Виолета стигна на насловната страница на италијанскиот Vogue Bambini, а учествуваше и во рекламните кампањи на Benetton, Pinko, Moschino.

Девојчето е родено во 2004 година во Москва. Кога се прослави преку манекенството, Виолета доби покана да заигра на филм. Во два филма одигра една од главните улоги. Притоа и двата пати ја глумеше ќерката на ликот што го игра Сергеј Безруков (притоа тие не се во роднинска врска).

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња