Осум убиени деца кои уште немале полни четири години – со тој страшен биланс кон крајот на 1930-тите се „прославил“ Владимир Виничевски, малолетен ученик во едно училиште во Свердловск (денес Екатеринбург), најмладиот манијак во историјата на Русија.
Куќата на Виничевски (лево). Свердловск на почетокот на 1940-тите.
Public domainПетнаесетгодишниот Виничевски своето прво убиство го извршил летото 1938 година. Влегол во дворот на зградата каде што си играла тригодишната Герта Грибанова, го удавил детето, неколку пати силно го удрил со нож и, откако го осквернавил телото, го сокрил во грмушките. Кога го забележале убиеното дете, Владимир мирно стоел во насобраната толпа и гледал како ја изнесуваат Герта од грмушките.
Убеден дека ќе остане неказнет, манијакот извршил уште осумнаесет напади врз мали деца, како во самиот Свердловск, така и во другите околни градови. Неговите жртви не очекувале ништо лошо кога им давал бонбони и ги носел на пусто место, каде потоа ги убивал и силувал, по што ги сокривал труповите под дебел слој лисја или снег.
Списокот на жртви што Виничевски го водел во текот на убиствата шифрирајќи ги информациите.
Public domainДесет деца ги преживеале нападите. Меѓу нив била и четиригодишната Нина Плешчеева, која манијакот ја сокрил во стог сено, а на двегодишната Али Губина, која била избодена со нож во стомакот, хирурзите ѝ го спасиле животот на операционата маса. Санката со двегодишниот Борја Титов манијакот ја украл навечер на улица, практично пред очите на мајката на момчето. Пристигнувајќи на местото на настанот, милиционерите по некое чудо го слушнале слабото стенкање на детето во еден смет.
Свердловск бил ужаснат. Од страв од „уралскиот монструм“ родителите се плашеле макар ни за секунда да ги остават своите деца без надзор.
Во потрагата по „младичот“ што го споменувале спасените деца градската милиција ги вложила сите свои напори. Бил сомнителен секој маж со дете. Никој не можел ни да помисли дека злосторствата ги извршил малолетен ученик.
Фотографии на Владимир Виничевски снимени по неговото апсење 1939 година.
Public domainПитомецот на Свердловската милициска школа Иван Попов на 24 октомври 1939 година забележал како некое постаро момче води мало дете кон шумата. Попов повеле уште двајца школски другари и внимателно го следел овој необичен пар. Идните милиционери го фатиле и совладале манијакот кога тој почнал да го дави стаписаниот тригодишен Слава Волков.
Таткото и мајката на Виничевски биле шокирани кога дознале за злоделата на нивниот син. Тоа семејство се сметало за доволно богато и доверливо. Во секој случај, немало проблеми ниту со алкохол ниту со пари. Веќе на 1 ноември весникот „Уралски работник“ ја објавил нивната порака: „Ние, родителите, се откажуваме од таков син и бараме кон него да се примени најстрогата казна – стрелање. За таквите изроди во советското семејство нема не живеат и не може да има живот“.
Лично Владимир не верувал дека неговиот случај ќе има таков исход. Спокојно им ги опишувал на милиционерите своите постапки, мислејќи дека голем дел од остатокот од животот ќе го помине во затвор, меѓутоа жив и здрав.
Меѓутоа, судот имал поинакво мислење. Советските закони во тоа време дозволувале изрекување најстрога казна за малолетници. Седумнаесетгодишниот млад човек бил прогласен за пресметлив и стрелан на 11 октомври 1940 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче